Добредојдовте во новото урбано срце на Скопје – Park by Ragusa Group

Во срцето на градот, опкружен со зеленилото на Градскиот парк, се наоѓа Парк – најновата гордост на угостителската понуда на Ragusa Group. Комплетно реновиран и внимателно дизајниран, овој модерен простор нуди искуство што се памети.

NB0A0769-Еdit.jpg

✨ Простор за сите видови настани.

Со површина од 600 м² која може да се прегради и прилагоди за помали настани, Парк е совршен избор за:

  • Свадбени прослави
  • Корпоративни настани
  • Промоции и изложби
  • Приватни прослави

NB0A0242-Edit.jpg

✨ Секој настан во Парк добива своја магија.

Ресторан Парк не е само обичен простор – тој е сцена за моменти кои се паметат. Со внимателно обликуван ентериер и технолошка опременост на највисоко ниво, секој детал е дизајниран со цел да ги претвори Вашите настани во уникатно доживување. Благодарение на електрично управувана ротирачка платформа, LED екран со висока резолуција, две бини, и интелигентно професионално осветлување, Парк нуди уникатно визуелно искуство. Нашето професионално озвучување и техничка опрема, дополнително создаваат беспрекорен амбиент за секој ваш настан.

NB0A0269-Edit.jpg

🍴 Храна што инспирира.

Парк нуди разновиден гастрономски концепт, со можност за:

  • Централно сервирање за елегантен и префинет оброк
  • Шведска маса за богат избор и слобода при изборот
  • Flying buffet за динамично и удобно уживање во храната
  • Custom мени создаден специјално по ваш вкус и барања

NB0A0341-Edit.jpg

✨ Дел од семејството на Ragusa Group

Парк е ново поглавје во приказната на Ragusa Group – бренд со повеќе од 30 години доверба и над:

  • 5500+ свадбени прослави
  • 2300+ корпоративни настани
  • 5000+ детски родендени

NB0A0868-Edit.jpg Со ресторан Парк, RagusaGroup ја продолжува својата богата традиција на квалитет и посветеност, додека истовремено ја проширува својата визија со нов, современ пристап. Парк е срцето што чука во ритамот на времето, каде се раѓаат спомени што ќе траат засекогаш, а секој миг е исполнет со страст и посветеност кон совршенството.